Sunday, May 17, 2009

Петар Апцев и Иван Нанчевски во Свислион Таково

Петар Апцев и Иван Нанчевски заминаа во Свислион Таково.Пелистер ги пуштиа во Србија на тренинг и тие таму останаа две недели.Само Апцев за разлика од Нанчевски играше неколку наптревари.Апцев важеше за еден од најголемите таленти во Македонија.Сеуште има време барем малку време да ги докаже своите големи таленти.

Трето место,повеќе од реално за Пелистер

Сезоната заврши за Пелистер.Загуби од Работнички со 3-1 во полуфиналето од Play-off.
Сепак Скопје е неосвојлива тврдина.Сепак во Охрид и Битола Пелистер ги победи.Трето место сепак е и повеќе од реално за Пелистер.Свисслион Пелистер немаше сили до крај да биде рамноправен противник во оваа серија, но битолскиот тим заслужува пофалби за сето она што го направија оваа сезона. Учество во финалето на Купот на Македонија, како и полуфинале од шампионатот е убав успех, ако се земе в предвид со какви се проблеми се соочуваше екипата од Битола.

Sunday, April 5, 2009

Неколку причини зошто Пелистер стално се во Play-off !

Со победите на Амак-СП и Овче Поле,Пелистерци сега се со сигурност трети.Ке ви кажам две причини зошто Пелистер се во Play-off последните 5 години.

1.Од тогаш пристигна сегашната управа која добро го раководи клубот.Секогаш знаат каков тип играчи да земат.Имаат само неколку грешки како:Владимир Ковач,Данило Савович,Борче Даскаловски и уште неколку.
2.Пелистер од кога пристигна управата и кога го однесе Пелистер во прва лига ја има најдобрата публика.Секој тим кога ке пристигне во салата Младост чуствува голем притисок и затоа повеќето екипи заминуваат со наведнати глави.
пр.Амак-СП и МЗТ Скопје немаат победа воопшто во Битола

Friday, March 13, 2009

Еден од најдобрите играчи на Пелистер

Се надевам дека се сеќавате на Kiony Watson.Ако не се сеќавате сега ке ве подсетам.Тоа беше мало џуџе кое беше едвај метар и половина.Но кога Пелистер отиде во Скопје да игра против Работнички,тој требаше да дебитира на тој натпревар.Сите очекуваа тој да има десетина поени но тој се надмина себеси.Постигна 30 поени доволни Пелистер да победи.Сепак него го победи носталгијата и се врати Америка.

Најдобриот тренер е во Пелистер!

Младен Микич! Единствениот тренер кој го однесе Пелистер во финалето во купот а можеби и ке го освои и првото место.Во Пелистер владее позитивна енергија.Поголема дисциплина немам видено никогаш.Сегогаш кога е најпотребно знае да те охрабри и да ти влее самодоверба.Знае кога треба да направи измена и ја прави тогаш кога Пелистер ке падне во играта.Со ваков тренер мислам дека треба да се освои купот.А во лигата доста е и Play-off како и секогаш.Не беше тренер на All-star натпреварот во Овче Поле само затоа што Пелистер не е меѓу првите две екипи.Пелистер да ги имаше играчите на Фени Индустри со Младен Микич ке беше без пораз.Да споменам дека Битола е неосвојлива тврдина,освен кога судиите се на страната на противникот.Обично судиите се за оние со повеќе пари.Како Фени Индустри и Работнички.Сега за купот судиите судеа нормално и Пелистер победи со Работнички.Пелистер имаше серија од 20 натпревари без пораз на домашен терен.Тоа на никој не му се случило.

Со голема надеж за утрешниот натпревар

Лично јас се надевам дека утре во 20:00 часот Пелистер ке одиграат исто како со Работнички.Утре е денот кој лично јас го очекував многу долго.Големото финале.Против охридски АМАК-СП.Се надевам дека нема да игра MVP-то 2008 година Војдан Стојановски.Има мала повреда па можеби тоа е мала предност за Пелистер.Ако играме со истото темпо како со Работнички јас сметам дека вреди да се победи.Има само еден мал проблем.А тоа е домашниот терен.Тие играат на домашен терен и имаат мала преност,но Пелистер може да се справи и со тоа.Ако го освојат Пелистер купот,на кој му е важна лигата.

Почеток !

За почеток почнувам со оваа изјава:Пелистер се во финалето на купот.
Работнички изгледаја како прв пат да фаќаат топка.Пелистер беа и тоа како подобар противник.Можеби Работнички се подобар тим,но Пелистер беа доминантни целиот натпревар.Старо-новиот играч Александар Хелд беше незапирлив.Постигна 19 поени.Сепак ѕвезда на натпреварот беше Милан Миљкович кој постигна 14 поени но исто така имаше и многу украдени топки.За почеток мислам дека е доволно.